ПОВЕЌЕ

    Халкбанк во потрага по референт за банкарски операции

    Време зa читање: 3 минути

    Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.

    Согласно тековните потреби од нововработени лица во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за следната работна позиција:

    Референт за банкарски операции
    во Штип (Референца Бр. 008/2021)

    Халкбанк АД Скопје има потреба од лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа: прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и шалтерски операции.

    Потребни квалификации и карактеристики:

    • Завршено високо образование од областа на економските науки;
    • Без работно искуство, а кандидатите со работно искуство на иста или слична работна позиција до 3 години во финансиска институција – банка, во процесот на селекција ќе имаат предност согласно нивното претходно работно искуство;
    • Познавањето на банкарските операции со готови пари, и искуство со контакт и комуникација со клиенти ќе се смета за предност;
    • Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност;
    • Ориентираност кон маркетинг и промоција на продуктите на Банката;
    • Одлични комуникациски вештини и одржување на одлични односи со клиенти;
    • Висок степен на чесност, етичност и доверливост;
    • Почитување на зададени рокови и усогласување на работењето со интерната и законската регулатива
    • Високо ниво на аналитичност и прецизност во секојдневното извршување на работни задачи;
    • Способност за тимска работа;
    • Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
    • Професионален изглед и однесување;
    • Познавање и активна примена од најновите компјутерски технологии и информатички
    • средства кои се во широка употреба.

     

    Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 18.07.2021 година, на следниов е-маил: [email protected] со назнака: Референца Бр. 008/2021 – Референт за банкарски операции во Штип.

    За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.

    Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично