Преку известување до Македонска берза АД Скопје, Халк Осигурување АД Скопје согласно со член 166 б став 1 точка 5 од Законот за хартии од вредност извести дека на дек 31.12.2019 година заврши петта емисија на акции по пат на приватна понуда.
Друштвото издаде нови 400.000 обични акции со номинална вредност од 10 евра за една акција при што основниот капитал е зголемен за вкупно 4.000.000 евра.
Зголемувањето на основниот капитал е извршен со трансформација на заем даден од страна на Единствениот акционер на Друштвото, ХАЛК БАНКА АД Скопје во влог преку издавање на нови акции од петта емисија по пат на приватна понуда.
По завршување на емисијата, Основниот капитал на Друштвото изнесува 10.500.000 евра.