Француска фирма за нуклеарно инженерство договори голем повеќегодишен договор со електраната Хинкли Поинт Ц во Сомерсет, со што се најавува дека ќе се отворат нови работни места низ Велика Британија.Assystem е назначен за партнер во новата алијанса за пуштање во работа нуклеарката – и ќе биде вклучен во функционирањето на фабриката.Кога ќе биде завршена, британските власти очекуваат дека електраната ќе може да генерира електрична енергија со ниски јаглеродни емисии за шест милиони домови во текот на наредните 60 години.
Од Assystem најавија дека ќе го искористат своето искуство со технологијатана Европскиот реактор под притисок (EPR) која беше безбедносните, инструменталните и комуникациските системи на Хинкли Поинт Ц ги исполнуваат однапред одредените оперативни барања.Фирмата претходно беше вклучена во пуштање во употреба други реактори за EPR во Франција, Финска и Кина.
Сајмон Барбер, управен директор на Assystem, изјави дека договорот ќе биде од големо значење за создавање работни места низ Британија, особено локално во Сомерсет, како и во нејзините канцеларии во Бристол, Блекбурн, Сандерленд и Дерби. „Изградбата на овој реактор ќе значи ангажман на млади дипломирани и искусни инженери кои се нови во нуклеарната енергија, ова е нуклеарен проект за повеќе од една генерација“. Компанијата се обврзала да привлече најмалку 100 жени во вработувањата поврзани со изградбата на оваа нуклеарна централа до 2025 година.
Нуклеарката во Хинкли Поинт Ц е прва нуклеарна централа што се гради во Велика Британија по Сајзвел Б, која беше пуштена во употреба во далечната 1980 година. Првиот човек на идната нуклеарна централа Hinkley Point C рече дека е уверен дека нуклеарната централа може да биде камен-темелник во напорите на Обединетото Кралство да ја достигне целта за нето-нула емисии на јаглерод до 2050 година, што го превзеде како обврска по и покрај предизвиците што ги поставува проектот од страна на пандемија и Брегзит.
Британскиот министер за бизнис, енергетика и индустрија, Кваси Квартенгза време на посетата на локацијата претходно овој месец рече дека фабриката во Сомерсет, исто така, ќе помогне во заштитата на Британија од нестабилниот пазар на нафтата.