Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите ценети клиенти дека филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 30.04. (петок), 01.05. (сабота) и на 03.05. (понеделник) заради празнување на Велигден и на 1 Мај – Денот на трудот.
За подигнување и уплата на готовина може да ги користете банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имате веб и мобилните апликации Интернет банката и мБанка, посочуваат од банката.
За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ и Бисер, како и дигиталниот дел во експозитурата во Дебар, информираат од банката.
Воедно, Комерцијална банка АД Скопје Ви посакува пријатни Велигденски и Првомајски празници.