ПОВЕЌЕ

    УШТЕ ЕДЕН БЛОК ОД 1,7 МИЛИОНИ ЕВРА – Од најголем Орка Холдинг стана доминантен акционер на ЗК „Пелагонија“?

    Време зa читање: 2 минути

    Понеделнички голема блок-трансакција. За 46.046 обични акции на ЗК „Пелагонија“ од Битола платени се 1,73 милиони евра. Со тоа, познат инвеститор во своја сопственост има дополнителни 22,69 проценти од основната главнина.

    Оваа вест по ништо не се разликува од онаа што се појави на Македонска берза на петок 13.

    Пред десет дена „Пари“ ја објави берзанската информација и ја дополни со неофицијалните сознанија дека купувач е „Орка Холдинг“. Исто така, тогаш напишавме дека во план е најголемиот акционер да стане доминантен, со преземање на 51 отсто од акциите.

    Неофицијално: Орка Холдинг најголем акционер на ЗК „Пелагонија“

    Вчерашната објава на Македонска берза е во таа насока, иако официјална потврда засега нема.

    Податоците до последната бројка се исти како и претходно. Целата трансакција од 106.780.674 денари е пресметана врз единечна цена за акција од 2.319 денари. Номиналната вредност на акцијата е 70,21 евро. Секако, нема промени ниту во содржината, односно ист е бројот на акции од кои е составен пакетот, како и процентите за сопственички удел што ги обезбедуваат.

    Цената во блоковите е пониска од просечната на официјалниот пазар. Единствено тука има извесна разлика – на дневната берзанска листа од 12 септември била 3.600, а на денешната 3.610 денари. Но, со таа акција не се тргувало во посочените денови.

    ИНТЕРВЈУ | ТОДОРОВСКИ: Од P2P инвестирање до животната филозофија на успехот

    Структурата на акционерите сега е значително променета, но според состојбата од 31 декември 2023 сопственичкиот удел бил: „Софија Градба“ Дооел – 23%, Златко Пирузе – 18%, Цветан Панделески – 15%, „Нова Агро Инвест“ Дооел Скопје – 10% и останати – 34%.

    М.А.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично