ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка известува за исплата на пензии јуни 2022

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка ги известува своите ценети клиенти пензионери дека почнувајќи од 28-ми јуни 2022 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец мај на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

    Oд 28.6.2022 г. (вторник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

    • до 11.000 денари на 28.6.2022 г. (вторник)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 29.6.2022 г. (среда)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 30.6.2022 г. (четврток)
    • над 18.000 денари на 1.7.2022 г. (петок)

    Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати, посочуваат од Банката.

    Со цел заштита на здравјето, при неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од Банката потсетуваат дека е потребно да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично