Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од Секторот за инвестиции како:
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИСКО ПОРТФОЛИО
ЗАДАЧИ
- Следење на случувањата на домашните и странските финансиски пазари и останати настани од интерес на инвестициските портфолија на фондовите;
- Инвестирање на средствата на фондовите на домашните и странските пазари;
- Следење на квалитетот на хартиите од вредност;
- Почитување на условите и ограничувањата од законската и подзаконската регулатива во процесот на инвестирање;
- Следење на одделни видови на ризици поврзани со портфолијата на фондовите;
- Подготовка на анализи на финансиски инструменти и предлози за инвестирање;
- Координирање, следење и надзор на целокупниот процес на инвестирање;
- Воспоставување на деловни контакти;
- Менторство и пренос на знаења.
БАРАМЕ
- Универзитетска диплома во релевантна област (економија, финансии или еквивалентна област);
- Професионална квалификација ќе се смета како предност (положено испит за инвестиционен советник или друг соодветен испит од надлежна институција во странство);
- Активно познавање на англиски јазик;
- Пожелно, но незадолжително познавање на регулативата од областа на задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување;
- Одлични комуникациски и организациски способности, како и способност за независна и самостојна работа;
- Способност за критичко и аналитичко мислење, антиципативно расудување и одлучување, како и усно и писмено известување;
- Стручно користење на MS Office.
ПОНУДА
- Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;
- Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;
- Стручно усовршување, посета на курсеви за дополнување на знаењето;
- Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје;
- Дополнителни бенефити при користење на производите на Групацијата;
Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, Ве молиме аплицирајте со поднесување на Вашето CV на македонски јазик на [email protected]
Пријавувањето можете да го извршите најдоцна до 20 јули 2021 година.
Единствено квалификуваните кандидати во потесен избор ќе бидат понатаму контактирани.
Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови
ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ
Ул. Бул. 8ми Септември 18, кат 2-Карпош, Скопје
Емаил: [email protected]