Денес успешно заврши караванот за финансиско советување за небанкарски производи кој се одржа во времетраење од 30 дена во месец Мај каде Триглав осигурување Живот имаше можност да ги едуцира и насочува клиентите на НЛБ Банка како мудро да изберат на кој начин да ги инвестираат своите финансиски средства и како да добијат најголем принос на истите, а најсреќните клиенти кои успешно го решија интерактивниот квиз кој беше составен од неколку прашања поврзани со услугите на Триглав осигурување Живот и НЛБ Банка беа наградени со прекрасни промотивни подароци.
Стратешката соработка на НЛБ Банка со Триглав осигурување Живот нуди ексклузивна можност клиентите да добијат нов и уникатен пристап при одлуката за инвестирање и распределба на финансиските средства преку Унит линк производот кој претставува нов, инвентивен продукт и е единствен на пазарот кај нас.
Производот нуди опција за балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови а истовремено прави баланс помеѓу делот од премијата која служи за купување на удели во инвестициски фонд и премија која овозможува загарантирано осигурително покритие во случај на смрт на осигуреникот.
Остануваме и во иднина насочени кон подигнување на финансиската писменост на нашите граѓани кои може да добијат совет и дополнителна информација за Унит линк можноста за инвестирање од високо обучените банкарски службеници во секоја експозитура на НЛБ Банка низ целата Држава , а контакт центарот за грижа на корисници на Триглав осигурување Живот со бесплатниот телефонски број 0800 04444 е отворен за сите граѓани кои имаат потреба од консултација и било каков совет поврзан со избор на производ, можност за инвестирање или распределба на финансиски средства.
Триглав Осигурување Живот, за живот со насмевка!