Натпреварувачите истрчаа, трките завршија, за “Трчај бе” ќе се зборува.
Три трки на пет, десет и 21 километар, 1.440 учесници од над 30 земји. Дарио Ивановски, еден од најдобрите македонски атлетичари ја одбрани шампионската титула во полумаратон и постави нов државен рекорд. Во Битола дојде и европски познатата Луиза Гега од Албанија. Дојде и победи во женска конкуренција.
Меѓу натпреварувачите имаше и банкари. Беа бодерени од колегите, на самото место и преку социјалните мрежи.
„Тимски се трча најдобро! Денес на @trcajbe нашите колеги ги застапуваат нашите бои и учествуваа во живописната трка низ битолските улици! Само напред колеги!
Горди сме со #СТБтим @ilijaniche @katerina.sabot @milicka_cikarska“ – е поддршката што ја добија претставниците од Стопанска банка.
„Овој викенд нашите колeги се натпреваруваа како Team ProCredit на маратонот ТРЧАЈ БЕ во Битола. Преку одличните резултати и доброто расположение продолжуваме да промoвираме здрав начин на живот и да се грижиме за природата!“, напишаа навивачите за своите колеги од Прокредит банка.
Се трчаше поединечно и тимски. Како „Кромберг и Шуберт“, IWConnect , „Славјански институт“, болница „Плодност“, Синдикат на РЕК, Синпекс, СН осигурителен Брокер, Карпатија-Агенција за приватно обезбедување… и многу други, кои ја пишуваат традицијата на спортска Битола. Од професионалците се учи, а спортот е за сите. За рекреативците и за сите возрасти. Битола и „Трчај бе“ овозможија, спортување, натпреварување, дружење и забавување. Ќе се памети во очекување на наредната трка.
Кромберг и Шуберт
Синпекс
ОСМУ “Д-р Јован Калаузи” – Битола
СН Осигурителен брокер АД Битола
Галерија на фотографии од Горан Кузмановски – фотограф со интернационална слава [тука]
Галерија на фотографии од Диоген Хаџи Коста Милевски[ тука ]