ПОВЕЌЕ

    СТОПАНСКА БАНКА ПРОДАВА ПРЕВЗЕМЕН ИМОТ – Рокот за доставување на понуди е 9 март

    Време зa читање: 6 минути

    Стопанска банка АД – Скопје на својата официјална веб страна објави оглас за продажба на превземен имот. Во пролог огласот.

    Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:

    1. Oбјекти – делoви од комплекс за обработка на тутун од поранешен Јака Табак во Радовиш на ул.М.Тито КП4589/1 и КП 4590 за КО Радовиш, и тоа:
      • Зграда 13, објект – управна зграда, кат 01 со вкупна површина од 390м2 (без посебен влез) за минимална/почетна цена од 46.000ЕУР;
      • Зграда 33, објект – влез и скали кон зграда 13, кат ПР со вкупна површина од 16м2 за минимална/почетна цена од 500ЕУР;
      • Зграда 7, објект – дел од магацин тн. Откупна сала, кат МА (без посебен влез) со вкупна површина од 1043 м2 за минимална/почетна цена од 8.000ЕУР;
      • Зграда 23, објект – стара мазутара, кат ПР со вкупна површина од 103 м2 за минимална/почетна цена од 1.000ЕУР;
      • Зграда 24, премин, кат ПР со вкупна површина од 91 м2 за минимална/почетна цена од 400ЕУР;
      • Зграда 25, премин, кат ПР со вкупна површина од 61 м2 за минимална/почетна цена од 200ЕУР;
      • Зграда 26, премин, кат ПР+01 со вкупна површина од 112 м2 за минимална/почетна цена од 600ЕУР;
      • Зграда 27, објект  -пумпа за дотур на мазут кат ПР со вкупна површина од 26м2 за минимална/почетна цена од 500ЕУР;
      • Зграда 28, објект – база за омекнување на вода кат ПР со вкупна површина од 15м2 за минимална/почетна цена од 100ЕУР;
      • Зграда 39, објект – резервоар кат ПР со вкупна површина од 226м2 за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР;
      • Зграда 31, објект – стара котлара кат ПР со вкупна површина од 10м2 за минимална/почетна цена од 100ЕУР;
      • Зграда 32, објект – горна стражара кат ПР со вкупна површина од 9м2 за минимална/почетна цена од 500ЕУР;
      • Зграда 34, објект – пумпа за гориво кат ПР со вкупна површина од 7м2 за минимална/почетна цена од 100ЕУР;
      • Зграда 35, објект – плинара кат ПР со вкупна површина од 5м2 за минимална/почетна цена од 500ЕУР;
      • Зграда 1 на КП 4590, објект -магацин за ПП апрати кат ПР со вкупна површина од 23м2 за минимална/почетна цена од 1.000ЕУР;
      • Зграда 30, објект – трафостаница со вкупна површина од 13м2 за минимална/почетна цена од 11.000ЕУР;
      • Зграда 9, објект – магацин со вкупна површина од 5007 м2 за минимална/почетна цена од 261.000ЕУР;
      • Зграда 10, објект – магацин со вкупна површина од 4725 м2 за минимална/почетна цена од 216.000ЕУР;Напомена: Земјиштето под и околу објектите е во сопственост на Република Северна Македонија.
        Напомена: за објектите под точка 1а) и 1в) избраниот купувач ќе треба да обебзбеди влез преку објект сопственост на трето лице.
    2. Опрема која не е во фукција, лоцирана во објекти на поранешна ЈАКА ТАБАК во Радовиш
      • манипулација на тутун (зграда 2) за минимална/почетна цена од 13.600ЕУР;
      • ферментација на тутун (зграда 1) за минимална/почетна цена од 12.000ЕУР;
      • котлара (зграда 16) за минимална/почетна цена од 10.000ЕУР;
      • нова мазутара (зграда 27) за минимална/почетна цена од 100ЕУР;
      • стара котлара (зграда 19) за минимална/почетна цена од 100ЕУР;
      • резервоар (зграда 39) за минимална/почетна цена од 1000ЕУР;
      • лабораторија (зграда 1)  за минимална/почетна цена од 540ЕУР;
      • опрема заеднички служби (зграда 13) канцалариски мебел, комјутери, клими..итн за минимална/почетна цена од 2.500ЕУР;

        Напомена:
         Демонтажата на опремата од објектите е на товар на купувачот и истата треба да биде демонтирана без оштетување на објектите каде се наѓаат.

    Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот и опремата.
    Во цената на имотите под точка 1 и 2 не е вклучен  ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
    Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.

    Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
    Недвижниот имот ќе се продава во готово или на кредит.

    Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
    Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

    • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со  имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
      –    Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
      –    Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ  не постара од 6 месеци),
      –    Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
    • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
      –    цената која се нуди за купување на недвижноста;
      –    согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
      –    согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

    Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 – МКД 113660111  со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

    Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

    Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

    Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.

    Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.

    Рокот за доставување на понудите е 9. 3. 2022 година.

    Дополнителни информации на телефон:  02/3295-280,  02/3295-283

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично