ПОВЕЌЕ

    СМАРТ потрошувачки кредит на TTK Банка со најниска фиксна каматна стапка од 4,25% во првите две години

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје понуди најниска фиксна каматна стапка во првите две години од 4,25% за СМАРТ потрошувачки кредит со животно осигурување и 4,70% за СМАРТ потрошувачки кредит без животно осигурување за корисници кои примаат плата или пензија во ТТК Банка АД Скопје.

    СМАРТ потрошувачките кредити се достапни со подолг рок на отплата, до 120 месеци, со поголеми износи до 1.200.000 денари, без жиранти, со намалени трошоци за одобрување, или без трошоци за одобрување за сите корисници на Visa кредитни картички.

    Корисниците кои сѐ уште не поседуваат VISA кредитна картичка на ТТК Банка АД Скопје, во промотивниот период до 31-ви мај, имаат можност да аплицираат за кредитната картичка без членарина во првата година.

    Со изборот на СМАРТ потрошувачкиот кредит со животно осигурување, корисниците добиваат дополнителна финансиска заштита и посигурна финансиска иднина за своето семејство така што во случај на непредвидени животни ситуации покриени со полисата, кредитните обврски ги покрива осигурителното друштво. Дополнителна предност е што полисата го покрива и ризикот од Ковид-19.

    ТТК Банка АД Скопје овозможува брза и едноставна постапка за аплицирање и одобрување на кредитите, на 29 локации и 24/7 поддршка преку електронското банкарство TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank чиешто активирање и користење е бесплатно.

    Повеќе информации за понудата и за промотивните кредитни услови се достапни на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, во експозитурите и филијалите на Банката, како и преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank.

    ПР објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично