Фармацевтската компанија „Реплек“ го продава Хубо маркетот, за што ќе објави јавен повик. За оваа ценовно чувствителна информација компанијата информираше преку Македонска берза.
„Со овој допис сакаме да ве известиме дека акционерското друштво Реплек Скопје ќе даде јавен повик за прибирање на понуди за продажба на 100 отсто удел кој го поседува како единствен содружник во Реплек маркет ДООЕЛ, кој претставува повеќе од 5 отсто од средствата на друштвото определено врз основа на последните ревидирани годишни финансиски извештаи“, се вели во известувањето до Берзата.