ПОВЕЌЕ

    Просечната нето-плата во декември 2021 година, изнесува 29 943 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 105.8.

    Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (13.1 %), Градежништво (12.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12.1 %).
    Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (10.4 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.1 %)
    и Градежништво (7.6 %).
    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 29 943 денари.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично