ПОВЕЌЕ

    Приливи од камати и дивиденди во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

    Време зa читање: 2 минути

    Сава пензиско друштво ги информира членовите и пензионираните членови дека во периодот од 30.09.2022 – 26.10.2022 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ од 4.267.497,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 57.047.185,00 денари.

    Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:

    –      15.828,55 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF;

    –      11.761,32 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES SEMICONDUCTOR ETF;

    –      100.432,31 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF и

    –      1.700,44 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES U.S. MEDICAL DEVICES.

    Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 477.702,00 денари по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 1.537.194,00 денари.

    Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд, пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:

    –      24,04 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES U.S. MEDICAL DEVICES;

    –      262,35 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES SEMICONDUCTOR ETF;

    –      3.227,24 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд VANGUARD S&P 500 ETF и

    –      447,11 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд ISHARES IBOXX INVESTMENT GRADE CORPORATE BOND ETF.

    Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и влијаат на висината на пензиските заштеди на членовите и на пензионираните членови на фондовите.

    Повеќе информации за резултатите од управувањето со пензиските фондови на Сава пензиско друштво имате во последните квартални извештаи на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2022/

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично