ПОВЕЌЕ

    ПРИЗНАНИЕ ОД VISA ЗА СТОПАНСКА БАНКА АД – Скопје за Банка со најголемо учество во бесконтактните плаќања со картички во текот на 2021

    Време зa читање: < 1 минутa

    Деновиве пристигна уште едно признание. Водечката светска компанија Visa ја посочува Стопанска банка АД – Скопје за Банка со најголемо учество во бесконтактните плаќања со картички во текот на 2021 година!

    Бесконтактните плаќања се преовладувачки тренд во светот кој Стопанска банка навремено го препозна, станувајќи лидер на домашниот пазар во издавањето на бесконтактни картички и промовирање на нивната употреба при плаќањето.

    Особено сме среќни што преку масовното инвестирање во бесконтактната технологија на картичките Стопанска банка се потврди како лидер во промоцијата на безготовинските плаќања во Македонија, со тоа што плаќањето со бесконтактни картички стана не само побрзо и полесно од плаќањето во готовина, туку и посигурно и побезбедно во услови на светската пандемија, се вели во соопштението од Банката.

    Стопанска Банка АД Скопје упатува огромна благодарност до Visa за признанието и потенцира дека ќе продолжи и понатаму да воведува современи производи и решенија за своите ценети клиенти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично