ПОВЕЌЕ

    По 14-ти пат на врвот: Global Finance ја избра Комерцијална за најдобра банка

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2025 година“ од страна на угледниот финансиски магазин Global Finance. Ова признание, добиено по 14-ти пат, претставува силна потврда за континуираната посветеност на банката на иновации, стабилност и ориентираност кон клиентите.

    Наградата не е само резултат на добрите финансиски показатели, туку и на долгорочната стратегија на Комерцијална банка за одговорно, професионално и иновативно работење. Банката, која постои веќе 70 години, изгради препознатлив имиџ како институција што ги следи современите трендови, креира вредности за клиентите, ја поддржува економијата и вложува во дигитална трансформација.

    Global Finance секоја година прави избор на најдобрите финансиски институции во светот. Наградата ја доделува врз основа на јасни критериуми како што се иновативноста, стабилноста, квалитетот на услугите и пазарната позиција.

    „Ова признание е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат. Нашата мисија е да создаваме вредности за клиентите, општеството, акционерите и нашите вработени. Ќе продолжиме со уште поголем ентузијазам да инвестираме во нови решенија и подобро корисничко искуство“, велат од Комерцијална банка.

    Со овие достигнувања, Комерцијална банка ја зацврстува позицијата на еден од клучните двигатели на банкарскиот сектор и е пример за успешен модел на модерна и општествено одговорна финансиска институција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично