ПОВЕЌЕ

    Охридска банка работи на создавање технички услови за олеснување на исплатата на кредитните обврски за своите клиенти

    Време зa читање: 3 минути

    Следејќи ги мерките на Владата на Република Северна Македонија и укажувањата на Народната банка, Охридска банка во овој период работи посветено на создавање услови за олеснување на исплатата на кредитните обврски за своите клиенти.

    Врз основа на Одлуката на Народната банка на Р.Северна Македонија за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик (службен весник бр.76/2020 од 24.03.2020 година), како и врз основа на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, донесена на 28 седница на Владата на Р. Северна Македонија одржана на ден 25.03.2020 година, Охридска банка во моментов работи во насока на подготовка на соодветна понуда до сите клиенти, со цел да им овозможи надминување на потешкотиите кои би ги имале со сервисирањето на кредитните обврски во време на корона-кризата. Овие олеснувања ќе важат како за физичките, така и за правните лица.

    Деталите за олеснувањата и новите договорни услови ќе бидат објавени наскоро, штом завршат интерните прилагодувања на системите на Банката.

    Понудите за физичките и правните лица ќе бидат објавени на веб страницата на Банката www.ohridskabanka.mk , а исто така ќе биде и прецизно објаснет начинот за постапување во однос на Понудите.

    Како финансиска институција со одговорност кон своите вработени, кон клиeнтите и кон економијата во целина, Охридска банка АД Скопје веќе воведе низа мерки со кои се обидува да понуди низа олеснувања за своите клиенти.

    Имено, до 15 април, 2020 година, се укинати сите провизии за денарски трансакции направени преку мобилното и електронското банкарство на Охридска банка. Со оваа одлука, Банката сака да ги поттикне своите клиенти да ги користат електронските канали со кои можат самостојно да извршат редовен сет на банкарски услуги без да ја посетат својата матична експозитура, а со тоа да намалат лични контакти и да избегнат редици.

    Исто така, Банката овозможи предвремена исплата на мартовските пензии за сите клиенти, приматели на пензија преку Охридска банка, чија исплата започна од 25 Март 2020г.

    Дополнително, Банката одлучи дека нема да бара поврат во 2020 година на повеќе уплатените аконтации за данок од добивка во 2019 година, што е исто така уште еден стимул кон државниот буџет, во овој тежок период.

    Охридска банка го реорганизираше сопственото работење и продажната мрежа за да овозможи на поголем број вработени да ги користат мерките за работа од дома, а со тоа и поголема превенција, но од друга страна и понатаму да ги нудат финансиските услуги на своите клиенти како доверлив партнер.

    Особено важно, Сите локации каде што е пристуна Охридска банка се снабдени со дезинфициенси и видливи препораки за превенција за да се намали ризикот по јавното здравје и при потреба од посета на експозитура.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично