СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОЦЕНА НА ИМОТ во Служба за имот, архива и набавки.
- Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Универзитетска диплома од областа на инжинерството
- Уверение за проценител
- 1-3 години работно искуство во областа се смета за предност
- Добро познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Опис на работно место Референт за процена на имот:
- Врши активности поврзани со доделување, контрола и централизирано постапување со активностите на проценување.
- Организира проценување на имотот понуден како обезбедување за кредитите (колатерал), за продажба, купување или изнајмување од страна на Банката
- Врши централизирано постапување со проценителната активност со цел да осигура ефикасност, веродостојност и транспарентност на процесот.
- Се грижи за повторна процена на недвижнината на Банката на периодична основа.
- Води евиденција за проценителните извештаи на Банката за сите клиенти и на ниво на државата
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок. Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивационо писмо може да ги достават на [email protected].