Виз ер ја воспостави деветтата рута од скопскиот аеродром до Германија. Првиот летот од Меѓународниот аеродром Скопје до Штутгарт е реализиран утрово во 6:25 часот, информираат од ТАВ Македонија. Предвидни се три лета неделно – секој понеделник, среда и петок.
„Во соработка со Виз Ер и Владата, како ТАВ Аеродроми горди сме што ќе можеме да ги опслужуваме патниците на оваа нова редовна авионска линија од Скопје до Штутгарт. Редовните летови меѓу двата града ќе ги задоволат потребите на нашите граѓани, бизнисмени и дијаспората. Ќе продолжиме да инвестираме во модернизација и подобрување на аеродромските услуги, нудејќи висококвалитетно корисничко искуство на сите патници и промовирајќи ја земјата како атрактивна дестинација и транзитен центар во регионот“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Во текот на летниот распоред на летови на аеродромот во Скопје, односно до 24 октомври, времето на полетување во понеделник и петок е 06:25 часот, додека времето на пристигнување во Штутгарт е 11:10 часот по локално време. Во среда, патниците ќе полетуваат во 06:30 часот, а ќе слетуваат во 11:10 часот по локално време.
Во зимската сезона, летовите исто така ќе се одвиваат во понеделник, среда и петок. Времето на полетување и следување е исто – 06:30 часот и 11:30 часот по локално време.
Од скопскиот аеродром Виз ер има вкупно 9 рути до 9 градови во Германија: Штутгарт, Берлин, Дортмунд, Баден-Баден, Фридрихсхафен, Хамбург, Франкфурт-Хан, Минхен-Меминген и Нирнберг.