ПОВЕЌЕ

    НЛБ БАНКА ПРИЈАТЕЛ НА 10-ТО ИЗДАНИЕ НА САМИТ МАКЕДОНИЈА2025

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка и оваа година е пријател на новото 10-то издание на Самит Македонија2025 кој успешно беше отворен вчера во хотел Мериот. Станува збор за главен регионален собир што служи како платформа за споделување знаење, поврзување на организации и инспирација за промена во Југоисточна Европа.

    Поради околностите предизвикани од пандемијата КОВИД-19, Самитот оваа година се одржува во хибриден формат и ќе се фокусира на светот за време и по глобалната здравствена и економска криза.

    Овогодишниот Самит ќе обезбеди дискусии, знаења и искуствени размени за клучните области и приоритети наведени во Платформата за просперитетна иднина на Македонија2025, концепт за долгорочните развојни предизвици и потреби на Македонија.

    Самитот официјално го отвори претседателот Стево Пендаровски, а на него учествуваат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој ќе зборува за неопходноста од дигитална трансформација, како и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини кој ќе се осврне на технологиите за борба со климатските промени. Самитот е организиран преку пет панели и едно главно интервју, при што 28 говорници ќе зборуваат пред 100 гости и пред околу 300 гости вклучени онлајн.

    На Самитот ќе се презентираат најновите достигнувања, трендови, знаења и вештини во областа на дигитализацијата, циркуларната економија, успешните регионални бизниси од областа на технологијата и ИКТ секторот, а ќе се зборува и за жешките економски прашања – инфлацијата, растот на економиите, енергетска криза и други.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично