НЛБ Банка на 4.11.2022 година (петок) започнува со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.
Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите,
од 04 – ти ноември, во текот на денот , клиентите ќе можат ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:
- 04 – ти ноември (петок ) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
- 07 – ти ноември (понеделник) – М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Од банката апелираат, да ги почитувате препораките и да одржувате растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.