Вработените во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кои секојдневно помагаат и се грижат за здравјето на пациентите, вчера со уште една активност, преку дарување крв, докажаа дека хуманоста е нивна одлика, која во континуитет ја негуваат и поддржуваат. Крводарителството има значајна и важна улога во спасувањето животи, а крвта и крвните продукти се неопходни за лекување на болните и повредените.
Токму тоа беше еден од главните мотиви 138 вработени во „Аџибадем Систина“ вчера да даруваат крв во акцијата која се спроведе во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина.
Извор: АЏИБАДЕМ СИСТИНА