Во пресрет на новата сезона што започнува на 22 декември, НБА-кошаркарската лига ќе му даде на секој клуб 30 милиони долари за одржување на ликвидноста во време кога приходите им се намалени заради пандемијата, објавија американските медиуми.
НБА лигата ќе потроши 900 милиони долари на оваа помош за 30 клуба, кои ги собра преку продажба на обврзници со рок на доспевање од три и четири години. Лигата не ја објави каматната стапка на обврзниците, но забележа дека купувачи се осигурителни компании и институционални инвеститори.
Новата сезона започнува на 22 декември, а првите припреми се закажани за 11 декември. Во новата сезона, клубовите ќе одиграат 72 натпревари во првенствениот дел од натпреварувањето, или десет помалку од вообичаеното. Плејофот треба да започне во мај и да заврши на почетокот на јули, односно пред Олимписките игри во Токио, кои се закажани од 23 јули до 8 август 2021 година.