ПОВЕЌЕ

    Најдобриот подарок е тука за вас – подарок-картичката од Комерцијална банка и Ист Гејт Мол пуштена во продажба

    Време зa читање: 2 минути

    Ист Гејт Мол и Комерцијална Банка известуваат дека „Ист Гејт подарок-картичката“ е на понуда и доаѓа токму во пресрет на најубавите празници во годината.

    „Ист Гејт подарок-картичката“ е достапна во вредност од 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 и 5.000 денари, со цел да биде вредна за дарување во секоја прилика и со најразличен повод – и може да се набави во сите експозитури на Комерцијална банка. Подарок картичката е прифатена од бројни продавници во Ист Гејт Мол, односно најпознатите брендови од светот на модата, козметиката, технологијата и спортот. Може да се користи во период од шест месеци од денот на нејзиното купување и да се троши повеќекратно во тој временски период, на различни продажни места. Сите детали за картичките и листата на продажни места каде што може да се користат се достапни на следниот линк: (линк до страница на КБ).

    „Ист Гејт подарок-картичката“ е наменета и за физички и правни лица кои сакаат да подарат вредност за вработените во компанијата, и претставува модерно и елегантно решение кога го барате најсоодветниот подарок за да изразите љубов, внимание, радост, почит или задоволство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично