НАПРАВЕТЕ ГО СЛЕДНИОТ ЧЕКОР ВО ВАШАТА КАРИЕРА: Станете дел од тимот НЛБ Lease&Go Скопје

Време зa читање: 3 минути

Новооснованото претпријатие НЛБ Lease&Go д.о.о. Скопје ќе биде дел од НЛБ Групацијата.

Нивните корпоративни вредности се одговорност, чесност, кредибилност, соработка, насоченост кон решенија, иновации и едноставност. Велат дека работат чесно и одговорно и работењето кај нив не е само работа туку и мисија која ја живеат сите вработени.

Нудат единствена можност како ИТ Аналитичар/Администратор да станете дел од тимот НЛБ Lease&Go и да придонесете кон развојот на лизинг услугите во рамки на НЛБ Групацијата.

Улога во тимот:

  • Управување со информатичката технологија и компјутерските системи;
  • Планирање, организирање, контролирање и оценување на ИТ операциите и системите
  • Дизајнирање, развивање, спроведување и координирање на системи, политики и процедури;
  • Учествo во дефинирањето на стратегијата, архитектурата и процесите на ИТ инфраструктурата;
  • Истражување и оценување на новите технологии;
  • Обезбедување безбедност на податоците, мрежен пристап, резервни системи и локации;
  • Постапување во согласност со потребите на корисниците и функционалноста на системот за придонес кон организациската политика;
  • Идентификување на проблематичните области и имплементирање стратешки решенија навреме;
  • Постојано анализирање на тековните процеси и технологии со цел да се идентификуваат областите на подобрување;
  • Подготовка на извештаи за анализа на придобивките од трошоците кога се неопходни надградби;
  • Одржување основни ИТ операции, вклучувајќи оперативни системи, безбедносни алатки, апликации, сервери, системи за е-пошта, лаптопи, десктоп компјутери, софтвер и хардвер;
  • Управување со ИТ персоналот преку регрутирање, обука на вработените и оценување на нивните перформанси;
  • Обука на вработените за софтвер и хардвер, решавање проблеми и техничка поддршка;
  • Развој и спроведување процедури за инциденти и одржување резервни локации на податоците;
  • Активности за ревизорски системи и проценка на нивните резултати.

 

Вашиот профил:

  • Универзитетско образование за информатички технологии;
  • Минимум 3 години соодветно работно искуство, ќе се смета за предност искуство во финансиски институции;
  • Солидно познавање на информатичката технологија и компјутерски системи;
  • Основно познавање и искуство во сегментот на управување со проекти;
  • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
  • Одлични комуникациски и аналитички вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Способност за одлучување, тимска работа, самоиницијативност, одговорност и висока мотивираност за работа;

 

Твој мотив да ни се придружиш:

  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Работа во професионална, динамична и меѓународна околина;

Заинтересираните кандидати своите апликации можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на nlbkariera@nlb.mk најдоцна до 31.10.2022 година (понеделник).

Пријавата треба да содржи:

  • биографија,
  • мотивационо писмо.

Локација на работа: Скопје

Закон за посредување на лични податоци

Со поднесување на Вашата пријава се согласувате дека целата документација што ќе ја испратите до НЛБ Банка Скопје со пријавата (биографија, мотивационо писмо и сите други документи) ќе биде проследена и до НЛБ Lease&Go д.о.о. Љубљана и на друштвото НЛБ д.д. – поединечни вработени во одредени стручни служби кои ќе соработуваат во постапката на изборот на кандидатот за огласеното работно место.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично