УНИБанка промовира нова услуга за правни лица. “МОЈ БАНКАР” Професионална, персонализирана и постојана поддршка во извршување на секојдневните банкарски активности на компаниите.
Преку оваа услуга, компаниите добиваат полесен, побрз и поедноставен пристап до користење на сите продукти на Банката како и стручни консултации поврзани со нивните редовни деловни активности.
За лојалните клиенти на Банката оваа услуга е без надомест.
Дополнително, за правните лица, УНИБанка промовираше БИЗНИС КРЕДИT 12-КА.
Кредитот е со флексибилна отплата до 12 години и грејс период до 12 месеци, соодветно потребите и можностите за отплата на секоја компанија, со цел исполнување на инвестициските потреби и финансиско стабилизирање.
Заинтересираните клиенти можат да добијат информации на телефоните 02/3 204 323 и 02/3 111 111 или да закажат иницијален состанок, со својот иден МОЈ БАНКАР, преку адресата: [email protected].