ПОВЕЌЕ

    Месец на бонус поени со Халк Банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во пресрет на новогодишните празници Халк банка Ви подарува „Месец на бонус поени“. Од 2.12.2019 па сé до крај ја месецот со секоја трансакција на електронските веб продавници кај кои плаќањето е овозможено преку Халкбанк АД Скопје добивате 5% бонус поени.

    За време на декемвриските викенди продолжувате да собирате 5% бонус поени на бензинските станици и рестораните каде Халкбанк има поставено ПОС терминали.

    За атмосферата да биде уште попразнична од 15.12.2019 до 31.12.2019 во парфимериите каде Халкбанк АД има мрежа од ПОС терминали со секоја трансакција може да соберете дури 10% бонус поени.

    Листата на веб продажни места и листата на физички локации вклучени во оваа кампања може да ги погледнете на следниов линк.

    Собраните бонус поени може да се искористат на било кое продажно место на Халкбанк ПОС терминал. 1 бонус поен = 1 денар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично