Народната банка како превентивен одговор на се повисоките инфлациски очекувања ја зголеми основната камата за 0,25 п.п. Основната камата од 1,25 сега се зголемува на 1,5 проценти. Основната камата служи како ориентација на банките при формирање на каматите на кредитите. Ќе значи ли тоа дека поскапувањето на основната камата ќе ги поскапи и кредитите? Одлуката дали ќе ги зголемат каматите на кредитите ќе зависи од деловните политики на самите банки.
Од Македонската банкарска асоцијација за порталот ,,Пари” велат дека по овој потег од Народната банка може да се очекува да има прилагодување кај каматните стапки.
И да има промени од МБА посочуваат дека досега вообичаена практика е промената на каматните стапки да не се однесува на фиксните каматни стапки се до периодот на важност на договорот за кредит и до рокот на достасување на депозитот.