ПОВЕЌЕ

    Маријан Николовски е реизбран за Член на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво со нов четиригодишен мандат

    Време зa читање: 2 минути

    Со особено задоволство ја споделуваме  информацијата  за добиеното одобрение од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС за реизбор на г-дин Маријан Николовски за Член на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво во наредните четири години.

    Г-дин Николовски е Член на Управниот одбор од основањето на Друштвото, кој со неговото делување, професионален пристап, искуство и несебично споделување на личните и  професионални знаења во сферата на капитално финансираното пензиско осигурување, остава сопствен белег и дава суштински придонес кон поставувањето на основите, развојот и реализацијата на сите деловни двигатели во областа на нашето делување, а со тоа и на резултатите кои Триглав пензиско друштво ги постигнува за време на неговиот мандат.

    Триглав пензиско друштво е дел од Групација Триглав, една од најголемите осигурително-финансиски групации во ЈИ Европа. Со работа започна во 2019-та година и во неговиот фокус е грижата за интересите на членовите на фондовите со коишто управува преку постигнување што подобар инвестициски резултат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично