Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.02 – 29.02.2020 година вкупниот промет изнесувал 795.420.118 денари и е зголемен за 36.69 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 632.283.863 денари и е зголемено во однос на јануари за 26,81 отсто кога изнесувало 498.623.924 денари.
Блок трансакциите за февруари изнесувале 70.658.860 денари и се намалени за 15,17 отсто во однос на јануари.
Бројот на трансакции во февруари изнесувал 2,437 и е зголемен за 34,49 отсто во однос на јануари кога изнесувал 1.812.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за февруари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.
Месечниот статистички билтен за февруари 2020 година можете да го погледнете тука.