ПОВЕЌЕ

    М6 Едукативен центар со нова програма за поттикнување на општествениот развој

    Време зa читање: 2 минути

    M6 Едукативниот центар започнува со спроведување на нова програма чија цел е поттикнување на општествениот развој и позитивна општествена трансформација во време на промени. Програмата насловена „М6 Чекор напред“ претставува платформа преку која еминентни лица од областа на политиката и економијата ќе дискутираат и ќе нудат предлог-решенија за актуелните теми и предизвици кои ги засегаат компаниите и граѓаните и кои се однесуваат на различните аспекти со кои може да се поттикне општествениот развој во земјата и регионот.

    Во рамки на оваа програма, М6 Едукативниот центар ќе реализира серија настани, конференции и вебинари со низа познати говорници, врвни експерти и искусни функционери, познавачи на состојбите во регионот. На настаните ќе се анализираат актуелните проблеми од различни области, ќе се идентификуваат можни решенија и ќе се бараат одговори на прашањата кои го сопираат развојот и општествениот напредок, вклучувајќи ја и анализата на потребите и проблемите со кои се соочуваат компаниите како еден од чинителите за постигнување побрз економски развој.

    Првиот од серијата настани е предвиден за 27 септември 2021 и ќе се одржи во форма на хибридна конференција под наслов „Разговори со лидери – Економски и политички перспективи за развој на Балканот”, на која лидери и докажани експерти ќе дебатираат за перспективите за развој на Балканот по 30 години од стекнување независност на повеќето држави во регионот. Ќе бидат отворени прашањата за постигнатото и за перспективите за развој, за геостратешките предизвици и предности, за влијанието на политиката врз економскиот развој, за можните решенија кон унапредување на квалитетот на живот и за предизвиците во однос на лидерството и човечкиот потенцијал.

    Говорници на настанот се еминентни познавачи на состојбите во државата и регионот: Исак Адижес – светски признат консултант на влади и компании, поранешен професор на универзитетите Колумбија и Стенфорд, Рајнхард Прибе – поранешен директор на Европската Комисија, Зијад Бечировиќ – директор на Интернационалниот институт за Блискиот Исток и за Балканот, Горан Штрок – претседател и основач на „Јадрански луксузен развој” и Светозар Јаневски – претседател на „М6 Инвестиции”.

    Програмата „М6 Чекор напред“ обезбедува содржини и едукација за индивидуален развој, за развој на компаниите и овозможува придонес кон општествениот развој. Заинтересираните може да добијат повеќе информации на www.m6.edu.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично