ПОВЕЌЕ

    ЛЕТНА ЕДУКАЦИЈА СО АФД: Што треба да знаеш пред да подигнеш потрошувачки кредит

    Време зa читање: 2 минути

    Асоцијација на финансиски друштва на Македонија спроведува финансиска едукација за потрошувачките кредити во рамките на проектот Летна Едукација со АФД.  Проектот Летна едукација со АФД има за цел финансиска едукација на потрошувачите и пошироката јавност и едукација за заштитата на потрошувачите при потрошувачките кредити.

    Во денешното едукативно видео на тема ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ ПРЕД ДА ПОДИГНЕШ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ одговараме на најзначајните прашања во врска со потрошувачките кредити:

    – Рекламирање на потрошувачки кредити

    – Пред-договорни информации

    – Кредитна способност на кредитобарател

    – Договор за потрошувачки кредит

    – Камата и годишна стапка на вкупни трошоци.

    Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Македонија ги соединува компаниите за финансиска технологија, исто така позната како FinTech, и други организации кои работат надвор од банкарскиот сектор, давајќи финансиски услуги на жителите на Северна Македонија. Асоцијацијата ги претставува небанкарски финансиски институции, кои издаваат потрошувачки кредити. Мисија на асоцијацијата e да се создаде одговорна пракса, со цел долгорочна соработка и позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот, истовремено објаснувајќи ги на пошироката јавност различните можности што може да ги обезбедат финансиските друштва кои користат FinTech за развој на поединци и на општеството како целина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично