Според американските медиуми, кошаркарската суперзвезда Леброн Џејмс (36) стана милијардер. Тој е шестиот спортист кој заработил повеќе од милијарда долари во текот на неговата кариера.
Џејмс надмина приход од 1 милијарда долари од неговата прва актерска улога во „ Вселенски баскет 2 “, која започна да се прикажува во кината минатиот викенд.
Според проценките, сегашниот играч на Лос Анџелес Лејкерс заработил околу 330 милиони долари од договори за време на неговите 18 години во НБА од тимовите Кливлен Кавалирс, Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс , додека 700 милиони долари екстра заработил од спонзорства и деловни инвестиции.
Некои од компаниите кои ги рекламира Леброн се АТ&Т, Блејз пица, Најки, ПепсиКо, Волмар
Покрај Леброн Џејмс, најмалку милијарда долари во кариерите заработиле т.е надминале голферот Тајгер Вудс, боксерот Флојд Мејведер, фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси како и Роџер Федерер.