ПОВЕЌЕ

    Која земја членка на Европската унија најмногу вработува жени?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Меѓу земјите членки на Европската унија, Шведска има највисока стапка на вработени жени (80%) во 2018 година, покажуваат податоците на Eurostat.

    Од друга страна, најниска стапка на вработени жени имаат Грција (49%) и Италија (53%).

    Во Македонија, процентот на жени вработени е 45,2% од вкупниот број на вработени во земјата.

    Стапката на вработеност на мажи е повисока наспроти стапката на вработени жени, меѓу земјите членки на ЕУ. Разликата меѓу вработеноста на двата пола е најголема во Малта (22 процентни поени) и Грција (21 процентен поен), додека најмала е во Литванија (два процентни поени).

    Податоците покажуваат дека скоро една третина од жените вработени во земјите членки во ЕУ (30%) работат со скратено работно време, додека тој процент кај мажите е 8%. Најмногу жени со скратено работно време има во Холандија (74%), додека најнизок удел во Бугарија (2%).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично