ПОВЕЌЕ

    КОЈА АКЦИЈА СЕДМИ МЕСЕЦ ПО РЕД Е НАЈТРГУВАНА НА БЕРЗА – нејзиното учество во вкупниот берзански промет било 46,65 отсто

    Време зa читање: 3 минути

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.07 – 31.07.2022 година вкупниот промет изнесувал 430.542.437 денари и е зголемен за 0,97%  отсто во однос на претходниот месец. 

    Класичното тргување изнесувало 205.067.875 денари и е намалено во однос на јуни за 39,60 отсто кога изнесувало 339.514.850 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 185.549.414 денари и обврзници во вредност од 19.518.461 денари.

    Блок трансакциите во јули изнесувале 225.474.562 денари и се зголемени за 174,21 отсто во однос на јуни.

    Бројот на трансакции во јули изнесувал 910 и е намален за 29,84 отсто во однос на јуни кога изнесувал 1.297. 

    Количински најтргувана акција беше акцијата на РЖ Економика Скопје со 42.788 тргувани акции, додека второто место му  припадна на Макстил Скопје со 29.486 тргувани акции.

    Акцијата на Комерцијална банка седми месец по ред е најтргувана на македонскиот пазар на капитал, тоа го покажува и месечниот билтен на Берзата.

    Просечната цена што ја достигнала акцијата на најголемата македонска банка е 11.948,61 денари, а биле истргувани 7.155 акции на таа банка. Со акциите на Комерцијална банка бил направен промет од 85.492.272 денари или 1.389.067 евра, а нејзиното учество во вкупниот берзански промет било 46,65 отсто.

    Втора најтргувана акција на официјалниот пазар на Берзата била акцијата на македонскиот фармацевтски гигант Алкалоид АД Скопје  каде количински се истргувани 2.646 акции по просечна цена од 16.966,98 денари. Вкупниот промет што во Јули бил достигнат со акциите на „Алкалоид“ изнесувал 729.545 евра или 44.894.634 денари, а неговото учество во вкупниот промет изнесувало 24,50 отсто, покажува билтенот на Берзата.

    Третата позиција во најтргуваните акции во месец јули, идентично како и минатиот месец му припадна на најголемиот нафтен дистрибутер „Макпетрол“ Скопје, чија акција имала просечна цена од 70.217,87 денари, а вкупниот промет кој бил постигнат со оваа акција изнесува 16.571.418 денари или 269.313 евра, што е учество од 9,04 отсто во вкупниот промет.

    Четвртото и петото место им припадна на голелемите банки, Стопанска банка Скопје и НЛБ Банка.

    Инаку, главниот берзански индекс МБИ10 пораснал за 1,61 отсто

    Кај брокерските куќи, ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје се искачи на прво место со остварен вкупен промет од 234.405.006 денари, додека Комерцијална банка АД Скопје  со промет од 195.649.062 денари се најде на второто место, а веднаш зад неа на третата позиција е брокерската куќа Еурохаус АД Скопје вкупен промет од 161.564.714 ден.

    Месечниот статистички билтен за јули 2022 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично