Велика Британија минатата година од Русија купи злато во вредност од 5,33 милијарди долари, што е 93% од вкупниот руски извоз на овој благороден метал, пишува The Moscow Times, пренесува „Бизнис Инфо“.
Во текот на минатата година, Русија на светските пазари извезе злато во вредност од 5,74 милијарди долари.
Вкупно 12 земји, вклучувајќи ја Швајцарија, лани купиле злато од Русија во вредност од 409 милиони долари.
Кога станува збор за извозот на руско злато во Велика Британија, се бележи зголемување во однос на 2018-та година, кога извозот бил 433 милиони долари.
Златото е производ број еден што Велика Британија го купила од Русија во 2019-та година. Оваа земја плати околу 3,4 милијарди долари за нафта и нафтени деривати од Русија, 936 милиони долари за платина и 100 милиони долари за сребро.