Секој еден којшто отпуштил работници веднаш кога започнала кризата, тој не може да искористи дел од мерките, соопшти вечерва премиерот Оливер Спасовски на Канал 5 за мерките и помошта на Владата за април и мај.
Во првиот сет на мерки во којшто има можност тие да бидат ликвидни со тоа што би земале кредит од Меѓународната банка за поддршка на развојот со нула проценти камата е за да можат компаниите овој период да го пребродат. Имаме следна мерка која ќе се утврди, а тоа е помош на компаниите со обезбедување на минимална плата на работниците. И тоа е таа предвидливост која што ќе им ја дадеме во наредните два месеци во април и во мај да се помогне на стопанството. Ќе се утврдат точни критериуми кои се тие фирми компании коишто ќе можат да ја искористат оваа поволност, појаси Спасовски.
Премиерот најави помош и за медиумските работници кои, според него, се наоѓаат на прва борбена линија и помагаат во справувањето со оваа криза.
На нас ни е многу важно медиумите да функционираат во овој момент. Да функционираме сите заедно да помогнеме во делот на кризата. Секако дека ќе имаме мерки и во делот на медиумите. Јас знам дека веќе има одредена финансиска помош од АВМУ. Се што е помош од државата е помош од државата. Така да тоа е еден дел од помошта , нема медиумите да бидат изоставени од оваа помош заради тоа што сметам дека и тука треба да се помогне да може тие да функционираат, рече Спасовски.