ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка ја поддржа Годишната конференција на Македонската берза

    Време зa читање: 2 минути

    Како иновативен лидер и прва банка што го усогласи своето работење со Кодексот за корпоративно управување, Комерцијална банка на свое големо задоволство и оваа година имаше чест да биде спонзор на Годишната конференција на Македонската берза.

    За успешна организација на конференцијата, Банката, покрај финансиска поддршка, даде свој придонес и со учество на еден од панелите. Бидејќи реалноста е многу динамична, а иднината носи дигитализација и вештачка интелигенција, Комерцијална банка со задоволство ги препознава и поддржува идеите и проектите кои значат менување на подобро, напредок и квалитетни и ефикасни финансиски услуги.

    На оваа тема на конференцијата имаше свое излагање м-р Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка, кој се осврна на новитетите во дигиталниот финансиски свет, го пренесе своето искуство од дигитализацијата на бројни услуги на Комерцијална банка, како и своите очекувања за она што ќе го донесе иднината.

    А, како докажана општествено одговорна компанија Комерцијална банка на Годишната берзанска конференција реализираше и уште една филантропска активност –финансиска поддршка на проектот “Раце што зборуваат“ со цел социјална инклузија на глуви и наглуви лица и, во исто време, здрав оброк за учесниците на конференцијата. Со свежо овошје, спакувано и доставено од вредните членови на Општинското здружение за глуви и наглуви „Тишина” од Карпош, Комерцијална банка им порача на учесниците на конференцијата дека ова е подарок од раката што зборува за раката која поддржува затоа што хуманоста се храни со љубов.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично