ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка со нови цени на услугите од први август. Еве колку ќе ве чинат трансакциите што ги вршите преку шалтер

    Време зa читање: 2 минути

    Почнувајќи од 01.08.2022, Банката ќе изврши измена на следните надоместоци за трансакции кои се вршат преку шалтерите:

    1. Уплати во готово од физички лица во корист на сметки во други банки и во корист на сметки на физички и правни лица во Банката и плаќање на сметки за режиски трошоци

    Уплати во готово преку КИБС

    КомпанијаДобивка/Загуба 2021
    Налог од 0,00 – 5.000,00 денари45,00 ден. по поединечен налог
    Налог над 5.001,00 денар 55,00 ден. по поединечен налог

    2. Исплата во готово од трансакциски сметки на физички лица:

    КомпанијаДобивка/Загуба 2021
    Налог од 0,00 до 60.000,00 денари30,00 ден. по поединечен налог
    Налог над 60.001,00 денар   60,00 ден. по поединечен налог

    3. Надоместоци за безготовински трансакции во денари:

    Трансакции извршени преку интерен клиринг

    КомпанијаДобивка/Загуба 2021
    Налог од 0,00 – 10.000,00 денари  25,00 ден. по поединечен налог
    налог над 10.001,00 денар 34,00 ден. по поединечен налог

    Безготовински плаќања преку КИБС

    КомпанијаДобивка/Загуба 2021
    Налог од 0,00 – 10.000,00 денари40,00 ден. по поединечен налог
    Налог над 10.001,00 денар 50,00 ден. по поединечен налог

    Преноси од сопствена сметка кон сметки на други физички лица, во Банката

    КомпанијаДобивка/Загуба 2021
    Налог од 0,00 – 10.000,00 денари  25,00 ден. по поединечен налог
    Налог над 10.001,00 денар 34,00 ден. по поединечен налог

    Потсетување: провизиите за вршење трансакции преку е-банка и мБанка не се менуваат и се пониски од провизиите за трансакции кои се вршат преку шалтерите на Банката.

    Подигањето готовина од банкомат на Банката со дебитните картички издадени од Банката останува БЕЗ НАДОМЕСТ.

    Поради промена на референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, од 01.07.2022 година каматната стапка што се применува при пресметување на камата на искористениот дел од дозволеното пречекорување изнесува 9.95%, а се добива така што на референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, која во моментот е 2.00%, се додаваат 7.95 процентни поени. Каматната стапка што се применува при пресметка на камата за недозволено пречекорување изнесува 10.00% на годишно ниво.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање на хиперлинк до содржината што се цитира.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично