ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка за „Инвеститорскиот ден“: Граѓаните ќе тргуваат со акции без брокерска провизија

    Време зa читање: 2 минути

    Купопродажбата на акции на Македонска берза во среда ќе се одвива без наплата на провизија за брокерските услуги – информираат од Комерцијална банка. На овој начин, најголемата домашна банка ја дава својата поддршка за успешна реализација на настанот „Инвеститорски ден“, кој годинава се организира по четврти пат.

    Можнста што ја дава Комерцијална банка за заинтересираните граѓани значи дека ќе тргуваат со акции, односно ќе купуваат и продаваат без притоа да им се пресметува било каков надомест што вообичаено се наплатува за услугите на брокерот.

    Притоа, нагласуваат од Банката, треба да се запазат следните чекори. Пред се, инвеститорите да склучат трансакции со акции преку БЕСТ системот со посредство на Комерцијална банка. Потоа, износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не го надминува прагот од 10.000 евра, без оглед на бројот на берзански трансакции. Трансакциите да се склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка. И, тоа е се што е неопходно за успешно реализирана трансакција, која нема да подлежи на провизија.

    Со сиот свој потенцијал – врвна понуда на услуги во доменот на берзанското тргување, висококвалификувани брокери, стручни совети и знаење, Комерцијална банка активно го поддржува „Инвеститорскиот ден“. Целта е да се стимулираат граѓаните да инвестираат на македонскиот пазар на хартии од вредност, во акции издадени од домашните компании кои се тргуваат на Македонската берза.

    На „Инвеститорскиот ден“ кој ќе се одржи во среда – 13 септември, физичките лица ќе можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници – банки и брокерски куќи кои се дел од оваа иницијатива.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично