Комерцијална банка како силен поддржувач на позитивните општествени промени со задоволство обезбеди финансиска поддршка за одбележување на 30-годишниот јубилеј на култната хумористична серија К-15. Ова партнерство е наш начин да дадеме признание за значајниот придонес на К-15 во македонската култура и да ја потврдиме нашата посветеност за поддршка на проекти кои поттикнуваат креативност, размислување и менување на работите на подобро.
К-15, како еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот хумор, три децении преку сатира и хумор ги адресира општествените предизвици, отвора значајни теми и инспирира генерации граѓани да размислуваат критички и конструктивно за нашата заедничка иднина.
Банката, како стар пријател на серијата и на тимот на К-15, чиј ентузијазам длабоко го цени, со задоволство се приклучи кон одбележувањето на 30-годишниот јубилеј затоа што тој го слави наследството на оваа емисија и нејзиното влијание врз македонската култура.
Нашата цел е не само да помогнеме да се одбележи значајниот јубилеј, туку и да овозможиме К-15 со својата неповторлива сатира повторно да ги насочи светлата кон теми кои секојдневно нè засегаат, поттикнувајќи јавна свест и дијалог.
Комерцијална банка е горда што во годината во која самата одбележува 70 години постоење ќе даде свој придонес и за овој вреден проект кој слави три децении смеа, инспирација и општествено влијание.
Среќен јубилеј, К-15!