ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка 15 години е партнер на Црвениот крст за помош на децата и младите со попреченост

    Време зa читање: 2 минути

    Со гордост го одбележуваме 15-годишното партнерство со Црвениот крст на Република Македонија – соработка која претставува симбол на нашата заедничка посветеност за поддршка на најранливите категории во општеството.

    Како Генерален покровител на проектот „Подобра социјализација на деца и млади со попреченост и психо-социјална поддршка на деца во згрижувачки семејства”, Комерцијална банка обезбедува финансиска поддршка за поквалитетен животот на над 300 деца и млади во земјава.

    Нашата поддршка е дел од нашата посветеност за создавање инклузивно општество, каде секое дете има можност за подобра иднина. Преку овој проект придонесуваме за:

    • Поттикнување на социјалната интеграција на децата и младите со попреченост.
    • Поддршка за обезбедување стабилна средина за развој на децата со попреченост.
    • Подобрување на психо-социјалната благосостојба на децата и на нивните семејства.

    Со ваквите иницијативи промовираме вредности во општеството, како емпатија, грижа и солидарност. Нашата соработка со Црвениот крст ги рефлектира нашата стратегија за општествена одговорност, која ја негуваме веќе 70 години, и нашата желба да бидеме активен партнер во градењето подобра иднина за сите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично