ПОВЕЌЕ

    Клиниката Жан Митрев целосно ќе го покрие лекувањето на малиот Вили од Штип

    Време зa читање: < 1 минутa

    Клиниката Жан Митрев целосно ќе го покрие лекувањето на малиот Вили од Штип, објави клиниката на својот официјален фејсбук профил.

    Лекувањето во клиниката на 14 годишниот Вили Илјов од Штип ќе биде целосно покриено.

    Со оглед на состојбата на семејството и апелите за помош на социјалните медиуми, Клиниката Жан Митрев одлучи целосно да го покрие лекувањето и престојот во нашата установа и да помогне на малиот Вили, стои во објавата.

    14 годишниот штипјанец е донесен во многу тешка состојба, во кома со инфекции и декубити, откако повеќе од месец дена бил лечен во друга здравствена установа каде се обидувале да санираат тешки повреди на главата здобиени по страшна сообраќајна несреќа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично