КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на 22.12.2022 година (четврток), реализираше уште еден успешен настан од доменот на општествена одговорност.
На иницијатива на Амбасадата на Република Словенија, друштвото донираше креветчиња, душеци и постелнини кои беа неопходни за подобрување на условите во бебешкиот оддел „јасли“ во градинката Гоце Делчев – Прилеп која е клон на Јавната општинска установа за деца Детска градинка Наша Иднина Прилеп.
Со оваа активност Друштвото уште еднаш ја потврди својата заложба и грижа за заедницата. Во 2023 година одбележуваме 18 години постоење на пазарот за пензиско осигурување и нашето Друштво е едно од првите учесници во реформираниот пензиски ситем, чија сопственичка структура е составена од Прва Завораволински Холдинг ДД Љубљана и Комерцијална Банка АД Скопје. Од 2021 година фокусирани сме и на одговорно инвестирање или ESG инвестирање, и ги насочивме своите активности да се реализираат на начин кој ќе биде од корист за заедницата во која функционираме. Одговорното инвестирање, познато и како ESG, опфаќа грижа за животната околина, општеството и корпоративното управување на компаниите. Вредно е да споменеме дека годинава се закитивме со награда за Најдобра пасивна инвестициска стратегија за 2022 година, доделена во Ротердам Холандија од IPE- изјави Весна Стојановска Генерален директор на КБ Прво
На настанот беа присутни Амбасадорот на Словенија, Градоначалникот на Општина Прилеп, претставници од градинката како и останати гости.
Задоволството и радоста не изостануваше и кај сите присутни. Својата благодарност дечињата ја изразија преку своите изведби на организираната приредба.