УНИБанка заклучно со првото полугодие од 2022 година оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и продажба на инвестициско злато и продукти од областа на платните сервиси. И во овој период Банката продолжи со имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции.
Цели две години Банката се справува со предизвиците наметнати од здравствено економската криза предизвикана од пандемијата COVID-19 која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во вакви услови основна цел на Банката е да се одржи и зачува ликвидната и солвентната позиција, да се задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да се обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените.
Остварени приходи
Остварените вкупни приходи од работење во првото полугодие од 2022 година изнесуваат 894,4 милиони денари и во однос на истиот период одминатата година бележат зголемување од 8.2%.
Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 104,8 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.
Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 60.5% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период од 2021 година се зголемени за 3.4%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население. Во вкупните приходи од дејноста на банката, особено треба да се истакне значајниот пораст на приходите од провизии од 22.5%, како резултат на дополнителната услуга посредување во осигурување и растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги.
Остварени расходи
Остварените расходи заклучно со вториот квартал од 2022 година изнесуваат 789,7милиони денари и бележат зголемувањеод 9.8% во однос на истиот период од 2021 година. Зголемувањето на расходите се должи, пред се на зголемување на административните расходи како резултат на енергетската криза и ескалацијата на руско-украинскиот конфликт кој предизвика силен раст и голема променливост на цените на примарните енергенси, што предизвика раст на цените на сите останати производи и услуги, како и на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.
Вложувања или продажба на материјални средства
Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се значително зголемени во однос на 31.12.2021, како резултат на преземање на нов имот по основ на ненаплатени побарувања во износ од 74,4 мил. денари.
Обврски по кредити
Обврските по кредити во првото полугодие од 2022 година се зголемени за 6.1% во однос на 31.12.2021година.