ПОВЕЌЕ

    ИНТЕРВЈУ| ВАЛЕНТИНА ТАСЕВА, ДИРЕКТОР НА СЕМОС ЕДУКАЦИЈА: Успешнo работиме 26 години на пазарот, а нашите обуки ги поминаа 110 000 луѓе

    Време зa читање: 8 минути

    Валентина Тасева e генерален директор на Семос Едукација, првата компанија за ИТ обука во Македонија основана во 1995 година, сопственик на Семос Едукација и CertiAdria, официјални партнери на Microsoft, Cisco, Oracle, Autodesk, Adobe и многу други основани ИТ брендови.Валентина е исто така и еден од основачите на здружението LLPA, кое денес брои 29 членови од земјите на ЕМЕА и e член на Македонската асоцијација на ИТ компании МАСИТ и Стопанска комора на РСМ. Како компанија која бонитетно е најдобро оценета од бонитетната агенција Таргет Груп со највисока А бонитетна оцена, се стекна со можност да го активира Сертификатот за деловна успешност. Во интервјуто за ,,Пари”, Тасева вели дека карактеристика за вработените во Семос Едукација е упорноста. Од мали успеси, за да во 2019, околу 30% од приходот доаѓа од странство, од земји како Норвешка, Холандија, Белгија, Саудиска Арабија, Естонија, Малта и многу други, додава таа.

    Пари: Како е да се биде на чело на најуспешната компанија за компјутерска едукација во Македонија?

    Тасева: Успехот се должи на континуиран труд и почитување на компаниските вредности. Ние бизнисот го гледаме како сложувалка која постојано одново и одново ја сложуваме, при тоа секогаш реосмислувајќи го спојот на луѓе, производи и цели. Секогаш се грижиме за квалитетот на обуките што ги нудиме поради што се поврзуваме со врвни партнери, иновативни сме во понудата следејќи ги потребите на пазарот како географски така и временски и секогаш даваме дополнителна вредност поради која клиентите не избираат токму нас.

    Иновативноста е дел од нашето работење, не само заради нашата индустрија, туку, според нашите правила, во секој годишен бизнис план, иновативноста мора да биде застапена меѓу 10 и 20%. Пример, ние сме единствен партнер во Југоисточна Европа на Amazon Web Services и Microsoft Azure, исто така први започнавме со обуки за вештачка интелигенција и виртуелна реалност.

    Уште една причина за раст и развој на компанијата е тоа што ние ги почитувавме правилата кои ги имаат воспоставено нашите глобални партнери во ИТ индустријата, како Microsoft, Oracle, Cisco, Adobe и други. Како пример, нешто на што сме посебно горди е фактот дека кон крајот на јануари, Microsoft го објави распоредот на Семос Едукација на Microsoft Learn, каде што професионалците од цел свет можат да се запишат на Azure обуки во Семос Едукација и да ги следат онлајн.

    За нас слушателот е секогаш на прво место, тимот функционира како еден, креативноста се наградува, а знаењето надоградува, се стремиме кон извонредност но никогаш не би ги погазиле етичките начела поради кои и слушателите и партнерите ни веруваат.

    Пари: Како компанијата во услови на здравствена и економска криза ја имаше најуспешната година во своето работење? Колку е важна способноста на компаниите за прилагодување на промени и дали кризата ги одвои успешните и стабилни компании од сите останати? Кратко за сертификатот, што значи да се биде носител…

    Тасева: Пандемијата со која се соочуваме, за Семос Едукација значеше целосна забрзана дигитализација на сите процеси, процедури, документи и начин на работење.

    Успеавме да се адаптираме на работа од дома, ги дигитализиравме процесите, а она на што сме особено горди е беспрекорната трансформација на наставниот процес.  Обуката е целосно oнлајн со размена на дигитални документи, дигиталните вежби, прирачници, како и комуникацијата на слушателите во нивните групи.

    Тимот на Семос Едукација е агилен и научени сме на брзи промени, брзи реакции и брзо прилагодување. Организирано одговоривме на потребата од итна и забрзана дигитална трансформација. Колегите од ИТ одделот, од петок до понеделник, целата компанија ја префрлија, и од хардверски и софтверски аспект, во онлајн работење. Ние немавме ни еден ден застој. Колегите од Одделот за човечки капитал, ги обезбедија сите обуки кои ни беа потребни за секој вработен и предавач лесно да се прилагоди на  новото дигитално секојдневие.

    Сфативме дека нашата индустрија нема физички граници, а пазарот во Македонија не е доволен. Одлучивме дека мора да најдеме начин за да извезуваме „памет“ и знаење. Уште пред десетина години започнавме со обиди да продаваме во странство. Карактеристика за вработените во Семос Едукација е упорноста. Започнавме со мали успеси, за да во 2019, околу 30% од приходот дојде од странство, од земји како Норвешка, Холандија, Белгија, Саудиска Арабија, Естонија, Малта и многу други.

    Пари: Колку за Вас е важен тимот и како ја одржувате мотивираноста, задоволството и креитивноста на истиот?

    Тасева: Нашиот тим во моментот брои 43 редовно вработени и околу 140 сертифицирани предавачи. Тимот е склоп на мотивирани луѓе полни со ентузијазам кои што секојдневно со својата посветеност придонесуваат за растот и развојот на компанијата, на самите вработени, на  надворешните соработници и најважно, за растот и развојот на нашите слушатели во самиот процес на креирање на ИТ кадри кои што ја поставуваат нашата држава на мапата меѓу најуспешните земји во поглед на следење на ИТ трендовите. Креативноста ја црпиме од нашите непресушени идеи за раст и развој и придонес во општеството. Една од нашите најголеми вредности во кои што веруваме е тимскиот ориентиран ментален склоп затоа што ние сите со заеднички сили ја формираме нашата заедничка иднина.

    Пари: Како компанија која бонитетно е најдобро оценета од бонитетната агенција Таргет Груп со највисока А бонитетна оцена, се стекнавте со можност да го активирате Сертификатот за деловна успешност. Дали е поголемо задоволството или обврската да бидете уште поуспешни и наредните години?

    Тасева: Благодариме за наградата и за признанието. Наградите ни покажуваат дека сме на вистинскиот пат.

    Финансиската стабилност е особено важна за идниот развој, за вложувањето и инвестициите кои не очекуваат во идниот период.

    Семос Едукација верува во знаењето на сите нивоа. Па така, колегите од одделот за финансии, очигледно поседуваат и покажуваат огромент степен на знаење од оваа област, кое секојдневно наоѓа примена во работењето на компанијата.

    Ние ги следиме, пратиме и применуваме сите модерни трендови во финансиското работење.

    Финансиите се крвотокот на една компанија. Ако тие се во ред, предусловот за успешно работење на сите останати оддели е тука.

    Минатите недели ги посветивме на бизнис плановите за следната 2022, но и годините после неа. Очекуваме уште поголем раст и понатамошни високи бонитетни оценки.

    Пари: Колку е успешна Семос Едкукација, колку се задоволни вашите клиенти?

     Тасева: Семос Едукација постои 26 години и од тогаш до денес обука кај нас поминале над 110.000 слушатели. Овие луѓе, без разлика на тоа дали доаѓаат од компании или се индивидуалци, ја препознале вредноста која обуката во Семос Едукација им ја дала на индивидуалците во облик на кариерно доусовршување, унапредување на работното место, промена на професија или пак вработување. Компаниите пак во нас гледаат партнер кој им помага да постигнат поголема продуктивност преку вложување во едукација на своите вработени.

    Голем дел од нив се наши долгогодишни клиенти со кои секогаш со задоволство работиме на нови проекти. Технологијата постојано се развива, а нашите клиенти многу добро знаат дека ако сакаат да останат конкурентни, такви треба да бидат и нивните знаења и вештини.

    Сакајќи на своите клиенти да им овозможиме исполнување на нивните лични и кариерни цели, години наназад во рамки на Семос Едукација функционира Кариерен Центар.

    Целта на Кариерниот центар на Семос Едукација е да ги препознае квалитетите кај слушателите и да биде мост којшто ќе ги поврзува слушателите кои сакаат да направат промена во својата кариера и компаниите кои се во потрага по високо квалификуван кадар.

    Пари: Што би можеле да очекуваме нешто ново од Семос Едукација? Какви се плановите за развој на Вашата компанија, на кои пазари сте присутни во моментов и кои пазари ви се таргет за во иднина?

    Тасева: Дигитална трансформација, е процес во кој сме длабоко навлезени, користејќи ги новите Microsoft Dynamics 365 технологии, што истовремено значи и развој на наша, компаниска, интерна експертиза во оваа област.

    Со неодамнешните напори за интерно реструктуирање, се надеваме дека ќе си овозможиме понатамошен раст и понатамошното интернационално ширење и сé поамбициозно освојување на светските пазари.

    Во моментов Семос Едукација е присутна во над 33 земји од светот. Ова е доволно голем пазар каде сèуште ги немаме целосно искористено капацитетите и потенцијалот кои го нудат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично