Во светот на технологијата, каде што довербата и иновациите се клучни фактори за успех, ИТД Дистрибуција, како водечки дистрибутер на DELL производи во Македонија, има значајна улога во овозможувањето на најновите технолошки решенија на нашиот пазар. Станува збор за големопродажен дистрибутер на ИТ производи и услуги, потрошен материјал, хартија за фотокопирање и графички материјали. Компанијата е овластен дистрибутер за Македонија на DELL, HP, Fortinet, Check Point, Commvault, Gatewatcher, Barracuda, Imperum, Vertiv, Microsoft, Gigabyte, Verbatim, TP-Link, Genius, Marvo, Xerox, Fabriano и многу други. За улогата на компанијата во развојот на DELL решенијата, за новостите како што е CIS гаранцијата која овозможува поголема сигурност и флексибилност за корисниците, но и за мотивацијата во работењето, Пари разговара со Александар Боцески, бренд менаџер за DELL во ИТД.
Пари: Каква е улогата на ИТД во поддршката и развојот на DELL производите и услугите на нашиот пазар?
Боцески: Како ексклузивен дистрибутер на DELL производите во Македонија веќе 18 години, улогата на ИТД Дистрибуција е клучна во обезбедувањето на нивната достапност, поддршка и развој. Нудиме целосна техничка и продажна поддршка, логистика и обуки за нашите партнери и за крајните корисници. Нашата цел е да ја зголемиме свесноста за врвните DELL производи и решенија и да обезбедиме корисниците да добијат највисоко ниво на услуга и поддршка.
Пари: Гаранцијата за DELL производите е три години, но постои и опција за продолжување за уште една дополнителна година. Како функционира овој процес и по што се разликува од другите брендови?
Боцески: Една од клучните предности на DELL како премиум бренд во споредба со другите брендови е стандардната тригодишна гаранција, додека повеќето конкуренти нудат само една или две години. Дополнително, корисниците за мал надомест имаат можност да ја продолжат гаранцијата за уште една или две години во зависност од моделот, овозможувајќи вкупно до пет години заштита.
Процесот е едноставен и достапен преку нашата партнерска мрежа или директно преку нашиот кол-центар. Пред истекот на основната гаранција, корисниците можат да изберат продолжување, со што добиваат дополнителна сигурност и подолготрајна техничка поддршка. Оваа услуга значително ги намалува потенцијалните неочекувани трошоци и обезбедува безгрижно користење на DELL уредите најмалку пет години.
Пари: CIS гаранцијата на DELL лаптопите е новитет во ИТД. Што значи тоа за купувачите?
Боцески: Ни преставува особена чест и задоволство што DELL ја препозна нашата посветеност и професионалност во креирањето врвно корисничко искуство кај клиентите и го промовираше нашиот Сервисен центар во единствен DELL CIS Сервисен центар во Македонија и регионот, овозможувајќи повисоко ниво на гаранција на уредите купени преку нашата продажна мрежа и партнерите: Македонски телеком, А1, Нептун, Сетек и Анхоч. Ова надградено ниво на гаранцијата на DELL уредите кои ќе бидат донесени директно во овластениот DSP (DELL Service Provider) центар на ИТД Дистрибуција за поправка или надградба, носи значително подобрено искуство и го менува начинот на кој корисниците добиваат техничка поддршка и сервис на следниве начини:
Локална Remote поддршка – Сите крајни корисници што купиле опрема со CIS гаранција од нашите партнери добиваат бесплатна Remote техничка подршка на нашиот Call центар за онлајн хардверска дијагностика; онлајн инсталација на драјвери; онлајн решавање на можни софтверски проблеми; помош за користење на официјалните DELL алатки – DELL Assistant, DELL Optimizer, DELL SupportAssist.
Двојно побрза испорака на резервни делови – Благодарение на CIS гаранцијата и соработката со DELL преку DLP (Designated Logistics Partner), резервните делови пристигнуваат во рок од најмногу десет дена, што е најмалку двојно побрзо од претходно.
Комплетна сервисна услуга – Тестирање и дијагностика, поправки на хардверски дефекти, замена на неисправни делови, работна рака и сето тоа покриено од ИТД како сервисер.
Со оваа новост, DELL и ИТД обезбедуваат побрзо решавање на проблемите и повисоко ниво на сигурност за крајните корисници. Ова ја нагласува посветеноста на DELL кон корисничкото задоволство и ја зајакнува довербата во брендот. Нашата мисија е да им обезбедиме на клиентите безгрижно искуство, каде и да се наоѓаат.
Пари: Александар, која е најголемата мотивација во секојдневното работење како бренд менаџер за DELL во ИТД?
Боцески: Мојата најголема мотивација произлегува од можноста да бидам дел од постојаните технолошки иновации што DELL ги носи на пазарот. Работам со производи кои директно влијаат врз подобрувањето на продуктивноста и ефикасноста на крајните корисници. Дополнително, ме мотивираат тимската работа и блиската соработка со нашите партнери, како и предизвикот да ги доближиме врвните DELL производи и технологии до што повеќе клиенти во Македонија.