ПОВЕЌЕ

    Измени во органите на управување и раководење на ТТК Банка АД Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    ТТК Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката.

    “Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје објавува дека Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија со Решение од 31.10.2019 година  издаде  претходна согласност за именувањето на Трим Ќемали за член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, а на ден 6.11.2019 година извршен е упис во надлежниот регистар што се води во Централниот регистар на Република Северна Македонија”. – се вели во соопштението на Банката.

    Со новите измени, Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје го сочинуваат:

    • Глигорие Гоговски – Претседател на Надзорен одбор
    • Методија Несторовски – Член на Надзорен одбор
    • Златко Черепналкоски – Член на Надзорен одбор
    • Тито Беличанец – Член на Надзорен одбор
    • Борислав Трповски – Член на Надзорен одбор
    • Арсен Јаневски – Член на Надзорен одбор
    • Трим Ќемали – Член на Надзорен одбор
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично