ПОВЕЌЕ

    Зошто ФинТек стартапите не успеваат?

    Време зa читање: 2 минути

    ФинТек стартапот Импакт Алфа објави дека нивната платформа со робо-советници, кои обезбедуваат автоматски услуги за финансиско планирање, управувано од алгоритми, со малку или без човечки надзор, беше затворена на крајот на август, забележувајќи дека компанијата „не беше во можност да го постигне потребниот развој за одржување на работењето на тековниот пазар.“

    Ако на Гугл пребарате „зошто Финтек стартупите не успеваат“ ќе ви бидат прикажани 4,3 милиони резултати. Во голема мера, тие сите се сведуваат на една и единствена причина. Бидејки не заработуваат доволно пари. ФинТек Сингапур неодамна објави статија со наслов „8 причини зошто Fintech стартапите не успеваат.” Еве неколку од наведените причини:

    Недоволно финансирање.

    Тоа обично удира многу побрзо и посилно кај овој вид на стартапи. Но, на тоа многу инвеститори враќаат, дека ако новата компанија заработува доволно пари, тогаш нема да биде „недоволно финансирана.“

    Избор на погрешни инвеститори

    ФинТек стартапите мора да изберат инвеститори со искуство и разбирање на бизнис сцената. Ако овој вид на стартапи заработуваа доволно пари, тогаш немаше да има потреба од надворешни инвеститори.

    Размислувањето дека ФинТек стартапите се исти како било кој друг вид на стартапи

    Од особено значење е овие стартапи да ги разберат психолошките однесувања околу парите, кредит, заштеда, и плаќања. Корисниците не размислуваат на ист начин за нивните пари како што размислуваат банките и регулаторите.

    Натпреварување само на база на цена

    Додека давање услуги по поевтина цена е одлично, ФинТек стартапите честопати го занемаруваат фактот дека банките имаат огромени предности користејки економии од обем. Многу стартапи, всушност соработуваат со банки за да ја искористат оваа можност. Камерон Јарброу, ко-основач и извршен директор на Факел изјави дека „Премногу ФинТек стартапи имаат обратен проблем: Тие мислат дека немаат никакви конкуренти. Обично не се во право, но дури и кога се во право, создавање нов пазар не е лесна задача. Да се ​​има конкуренција е всушност добра работа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично