Од почетокот на април 2019 година, клиентите на Ерсте банка и Шпаркасе наместо старата дебитна картичка Маестро добиваат новата дебитна Мастеркард. Според Ертан Пискин, шеф на работењето со картички во Ерсте банка и Шпаркасе, промената е во полн ек.
„Потрошивме 1,7 милиони дебитни мастер картички“, вели Пискин. Има околу половина милион клиенти на кои сè уште им недостасува новата картичка и ќе ја добијат кон средината на следната година. „Маестро картичките се веќе историја“, додаде Пискин.
Новата Mastercard Debit има 16-цифрен идентификациски број кој исто така може да се користи и за плаќање преку интернет, пренесува австриски Futurezone.
До крајот на 2020 година, со Debit Mastercard се очекува плаќањето преку интернет да се зголеми дури за дваесет пати.
Од банките најавуваат дека покрај новата функција за плаќање преку интернет, оваа картичка може да ја користат и двојно повеќе дилери / продавници ширум светот за разлика од картичката Маестро.
Сè на сè, опцијата за мобилно плаќање е добро прифатена, како што објаснува Пискин: „Денес, имаме нешто помалку од 350.000 клиенти кои редовно плаќаат“.
Извор: Bankar.rs